НА 26 ЈАНУАРИ 1972 ГОДИНА НАД ЧЕХОСЛОВАЧКА ПАДНАЛ АВИОН НА “ЈАТ”. ПАДОТ ОД 10.000 МЕТРА ЕДИНСТВЕНО ГО ПРЕЖИВЕАЛА СТЈУАРДЕСАТА ВЕСНА ВУЛОВИЌ

WEB Телевизија во живо

На 26 јануари 1972 година, над Чехословачка, по експлозија од подметната бомба, паднал авион на ЈАТ „ДЦ-9“ кој летал на линијата Копенхаген – Белград. Во несреќата загинале 26 патници и членовите на екипажот, а падот од речиси 10.000 метри го преживеала единствено стјуардесата Весна Вуловиќ.
 
Весна Вуловиќ стана единствената жена која го преживеа невозможното и со тоа влезе дури и во Гинисовата книга на рекорди како личност која преживеала пад од таа висина без падобран.
 
Во тоа време, 22-годишната девојка била во опашката на авионот, што и овозможило да ја преживее авионската несреќа. Со големи последици како фрактура на черепот, фрактури на ногата, моментална парализа, таа заздравила по неколку месеци и започнала нов живот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *