МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА ВТОРИ ВО МОТОКРОС ШАМПИОНАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

На свеченост во „Александар Палас“ во Скопје беше одржано прогласувањето на најдобрите клубови и поединци на Мотокрос, Ендуро и Брзински шампионат на Македонија за 2022 година од страна на МФСМ.
Возачите на МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА постигнаа значаен успех, освојувајќи две трети и едно второ место.
 
Во Мотокрос шампионатот, во класата МХ1 Васко Киров го освои третото место во генералниот пласман за 2022 година.
Во класата МХ2 трет во генерален пласман беше прогласен Иван Цековски.
Во Ендуро шампионатот Иван Цековски стана вице-шампион за 2022 година во класата Е1.
 
И, на крајот, голем успех за клубот МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА, кој во Мотокрос шампионатот за 2022 го зазеде одличното второ место..
Ова е уште еден доказ дека Гевгелија има потенцијални натпреварувачи во спортот на две тркала, изјавија од клубот и најавија дека ќе продолжат со уште посилно темпо и тренирање во 2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *