„КАРАТЕ КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА“ ВРШИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ

WEB Телевизија во живо

“Карате Клуб Гевгелија” врши упис на нови членови. Тренинзите, под раководство на Сенсеи Живко Аврамов, се одржуваат во просториите на Пионерски дом, секој Понеделник, Среда и Петок од 18 часот. За повеќе информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 070 320 512.
 
Инаку, Карате Клубот Гевгелија од Гевгелија е наследник на карате клубот Партизан од Гевгелија кој почна со своите активности во 1968 година во просториите на друштвото за телесни спортови Партизан од Гевгелија. 
 
Тренинзите во Гевгелија на почетокот ги водеше Марјан Свилетиќ на кој подоцна му се придружи и сегашниот тренер на клубот – Живко Аврамов. Уште од самите почетоци па до ден денес, заинтересираноста кај младите за овој спорт е доста голема и е континуирана. 
 
Карате Клубот Гевгелија е освојувач на бројни медали на државни и меѓународни натпреварувања. Денес Клубот брои окоу 30 членови од кои повеќето се освојувачи на медали на државните и интернационалните турнири.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *