ХРИСТОС СЕ РОДИ, НАВИСТИНА СЕ РОДИ

WEB Телевизија во живо

Денес е Рождество Христово (Божик) – Празник на радоста и надежта. , највеселиот православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос.
Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакуваме мирни денови. 

Христос се роди! И илјада пати да се родел Исус Христос во Витлеемската пештера, ако ниту еднаш не се роди во нашите срца, сето тоа е залудно.Со неговото раѓање се родила надежта која е спасителка на душата човечка. Христос се воплотил за да го спаси родот човечки
 
Именден празнуваат: Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка…
Божиќ се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од сите православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија.
 
Луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите „Христос се роди“ и „Вајстина се роди“.
Утрото на Божиќ се појадувa од Бадниковата трпеза, којашто потоа се раскрева. Исто така од овој ден се прекинати божиќните пости и може да се мрси. 

Семејствата со помали деца наутро после појадокот се приготвуваат и заминуваат на гости кај своите најблиски, благодарејќи му на Бога за првата мрсна трпеза во годината нова и молејќи му се да не нè лиши од лебот наш насушен низ сите денови од годината што следува. 

Целта на овој празник е токму таа, да се поврзат луѓето на овој ден со Бога и со своите најблиски. Да поминат квалитетно време заедно и да го прослават Христовото раѓање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *