ЕВРОПА ДОЗВОЛИ ПРОДАЖБА НА ПИВО И ЧОКОЛАДО ПРОИЗВЕДЕНО ОД ДОМАШНИ ШТУРЦИ?

WEB Телевизија во живо

Половина милијарда жители на Европската унија на крајот на овој месец ќе се приклучат на популацијата од речиси две милијарди луѓе во светот кои се хранат со инсекти и производи врз основа на нив.
 
Европската комисија конечно, по неколку години кампањи и лобирање на нутриционистите, „Зелените“, како и самите производители, дозволија употреба на прашок од штурци во домаќинството и мелени црви за употреба во производи наменети за човечка исхрана.
 
Одобрувањето е резултат на барање поднесено од фирмата „ Cricket One во 2019 година. Позитивниот одговор на Комисијата беше усвоен по научното мислење на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која ја потврди и одобри безбедноста на протеинскиот прав. Новите прописи, потпишани од претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, стапуваат на сила на крајот на месецот.
 
Одобрението им дозволува на производителите на храна во ЕУ да користат протеински прав од домашниот штурец ( Acheta domesticus) во производството на неколку видови храна – вклучувајќи производи базирани на тестенини, јаткасти плодови, маслодајни семиња, грицки, сосови и препарати од месо, супи, леб, мулти- житни колачи, крекери и гриз, житарици, суви мешавини за пекарски производи, бисквити, производи од компири, јадења од мешунки и зеленчук, сурутка во прав, грицки на база на пченкарно брашно, пијалоци слични на пиво и чоколадни десерти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *