ЕДНА ГОДИНА ОД ЗАМИНУВАЊЕТО НА СЛОБОДАНКА ДУЕВА, ЖЕНАТА КОЈА ОСТАВИ ТРАЕН БЕЛЕГ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА КУЛТУРА

WEB Телевизија во живо

Тивко, како и што живееше, пред една година не напушти Слободанка Дуева, културниот работник која со својата работа ја одбележа пред се библиотекарската дејност во Гевгелија.
 
По завршувањето на факултетот, се вработува како новинар во Радио Гевгелија, каде со колегата Кире Јанишлиев ја уредува Младинската емисија. По 7 години работа во радиото, на 30 годишна возраст станува директорка на Библиотеката „Гоце Делчев“, каде работи до своето пензионирање.
 
Од читалиште, со самопрегорна своја, и работа на своите соработници, Слободанка успева да ја создаде Библиотеката „Гоце Делчев“, која за кратко време се вбројува меѓу најдобрите три библиотеки во Македонија, а бројот на читатели од првичните 800 ги зголеми на 1500. Била членка на Друштвото на библиотекарите на Македонија, а во еден период била и претседател на друштвото.
 
Била организатор на многу манифестации поврзани со книгата и читањето, а гевгеличани ќе ја помнат како идеен творец, заедно со Ице Мурџев, на поетско-музичката манифестација„За тебе,љубов моја“, чии почетоци беа во 1995 година. ”.
 
Во организацијата беа вклучени библиотеката „Гоце Делчев” од Гевгелија и тогашната телевизија „Канал 12″ (сегашна ТВ НОВА 12).
Слободанка повеќе ја нема меѓу нас, но ќе остане нејзиниот траен белег во гевгелиската култура на кој ќе се сеќаваат идните генерации.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *