ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА:

WEB Телевизија во живо

НАЈГОЛЕМИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО НЕФУНКЦИОНАЛНИ ТЕХНОЛОШКО РАЗВОЈНИ ЗОНИ СЕ ИЗВРШЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ДЕЛЧЕВО И КРАТОВО.
 
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на работењето на технолошко индустриските развојни зони и пронајде низа пропусти и недоследности со кои се зголемува ризикот од злоупотреби со државната помош за компаниите и при царинскиот надзор на стоките кои се произведуваат таму.
Ревизијата истакнува дека странските инвестиции во ТИРЗ имаат позитивно влијание за стопанството но дека поради комплексната законска регулатива е отежната контролата и увидот во вкупно доделената помош по корисник во државата.
 
Како резултат на недонесени стратешки и програмски документи, на површина од 153 ha или на 30 отсто од вкупната корисна површина во периодот од 2012 до 2021 година од страна на Владата на РСМ основани се зони кои не се ставени во функција и не се оперативни и во кои од страна на буџетот на Дирекцијата се вложени средства за основната внатрешна инфраструктура и експропријацијата на земјиштето во вкупен износ од 393.686 илјади денари, односно 6,4 милиони евра, или 6 отсто од вкупните инвестиции. Најголемите инвестициски вложувања во нефункционални зони се извршени во Гевгелија, Делчево и Кратово.
 
Во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата за ТИРЗ има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, од кои директно исплатените средства од буџетот на државата се 37,5 милиони евра, а даночните и царинските ослободувања се во износ од 38 милиони евра, се вели во ревизорскиот извештај за ТИРЗ објавен денеска од Државниот завод за ревизија.
 
Во Македонија се основани 14 ТИРЗ . Во периодот на вршење на ревизијата 8 од нив се во функција, од кои за ТИРЗ во Тетово е склучен договор за Јавно приватно партнерство. Неоперативни се 5 ТИРЗ , една ТИРЗ – Ранковце е отуѓена, а започнати се активности за основање на 3 нови ТИРЗ. Врз основа на Законот за индустриски – зелени зони, Владата на РСМ има основано 3 (три) Индустриски зони (ИЗ) од кои оперативна е ИЗ Косел.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *