ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ( ПАКЕТЧИЊА ) НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА НОВОГОДИШНАТА ВИРТУЕЛНА ТРКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

Атанас Епов и Кристина Узунова, членови на АК „7 Ноември“- Гевгелија, се победници во машка и женска категорија на Третата новогодишна виртуелна трка на 5 километри.
 
Во женска конкуренција првите три места ги освоија Кристина Узунова, Валентина Узунова и Магдалена Јованова, додека кај мажите Атанас Епов, Влатко Семенаков и Никола Ковачев .
 
Според правилата, трката започна после полноќ, на 31 декември, 2021 година, а заврши на 1 јануари, 2022 година, пред полноќ. На оваа трета по ред, виртуелна трка по повод Новата година, учество зедоа 20 атлетичари, членови на АК „7 Ноември“.
 
Патеката за трчање, чија должина изнесуваше 5 километри, стартуваше од кружниот тек на крстосницата од булевар „Гевгелија“ и „7 Ноември“, по самиот булевар кон надвозникот на влезот на градот, кон БП „Окта“, завршувајќи до Мотел „Сенатор“ и назад до почетната точка на трчање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *