ЧЕСНИОТ И БЛАГОСЛОВЕН КРСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ГО ФАТИ МАРТИН ПРЧЕВ

WEB Телевизија во живо

Најсреќен меѓу десетината млади момчиња кои во осветената вода на македонскиот Јордан, реката Вардар кај Гевгелија се пуштија по Чесниот крст на денешниот Богојавленски собор, беше 25 годишниот Мартин Прчев од Гевгелија.
 
„ По втор пат скокам по крстот и еве бескрајно сум среќен што успеав овој пат прв да стигнам до Чесниот крст. Големата радост ќе ја пренесам и во сите христијански домови во Гевгелија“, изјави Мартин.
 
На среќниот фаќач на Чесниот крст градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, му подари лап топ, а подароци Прчев доби и од фармацевтската куќа „Зегин, како и од спортската обложувалница ,„Евро тип“.
 
Честитајќи му го фаќањето на Чесниот крст на Мартин Прчев, отец Љупчо Миланов од Гевгелиското Архиерејско Намесништво истакна дека тој доби убави подароци, но најголемиот дар нека му биде божјиот благослов, и му посака здравје и среќа во животот.
 
Вековната традиција која не потсетува на светото крштевање на Исус Христос, во Гевгелија годинава привлече илјадници граѓани кои го следеа овој настан од двата брега на реката Вардар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *