71 ГОДИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ПИСАТЕЛОТ БОЖИН ПАВЛОВСКИ

WEB Телевизија во живо

ТВОРЕЦОТ МОЖЕ ДА УМРЕ ДВА ПАТИ, ЕДНАШ ФИЗИЧКИ, ВТОРПАТ КОГА ЌЕ ГО ПОНИШТАТ НЕГОВОТО ТВОРЕШТВО
 
На 7-ми јануари 1942 година, во Жван, Демирхисарско, е роден Божин Павловски, македонски писател и редовен член на МАНУ. Живее и твори во Скопје и Мелбурн. Бил долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, а исто така, е основач на издавачката куќа АЕА во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Носител е на врвни македоски книжевни и дражвни награди за неговото прозно твпрештво. Дела: „Дува“ (роман, 1973), „Вест Ауст“ (роман, 1978), „Црвениот хипокрит“ (роман, 1984), „Уткини соседи“ (роман, 1987), „Враќање во сказните“ (роман, 1989) „Дува и болвата“ (роман, 1997), „Подвижни гробови“ (роман, 1998), „Патување со љубената“ (роман, 2000), „Египетска сонувалка“ (роман, 2001), „Изгубени во рајската градина (роман) и други.
 
Академик Божин Павловски живее и твори во Скопје, Македонија, и во Мелбурн, Австралија.
Делата на Божин Павловски се преведени на дваесетина јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, српски, италијански, романски, албански, словенечки и други јазици.
 
Со многу горчина и иронија академикот Божин Павловски ја портретира иднината на Македонија. Без многу оптимизам. Прецизно и јасно, како и во неговите 22 романи. Тој веќе 60 години учествува во општествениот и културниот живот на својот народ. И во неговиот последен роман насловен „На пат за Ахасферија“ пишува за тој народ, но овојпат за неговото исчезнување.
 
Но во Македонија веројатно ќе продолжи да живее грдиот менталитет: „Молчи и трпи, затоа што црното може да биде поцрно”. Вакво нешто веќе не може да сретнете ни во Африка. Ете кај нас политичарите го потчинија својот народ. Заборавајќи дека тој е Џин и може, ако се разбуди, да испорача жестока казна.
 
Како интелектуалец што половина година живее во татковината, а другата половина надвор од неа, особено ме загрижува нашето предолго летање во место. Во овој 21 век и малите земји бележеа голем напредок. Имаа пристап до евтино кредитирање на својот економски развој и многу технолошки иновации беа достапни за секого. Згора на тоа, и ние поседувавме стручни кадри за таков подвиг што си заминаа разочарани од тоа летање во место.
 
Да не се преобразеше нашата демократизација во бескрупулозен криминал, ние сега ќе бевме држава на среќни граѓани. Но социјалното назадување го доведе во ризик големото и благородно македонско будење.
 
Со многу горчина и иронија академикот Божин Павловски ја портретира иднината на Македонија. Без многу оптимизам. Прецизно и јасно, како и во неговите 22 романи. Тој веќе 60 години учествува во општествениот и културниот живот на својот народ. И во неговиот последен роман насловен „На пат за Ахасферија“ пишува за тој народ, но овојпат за неговото исчезнување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *