ЗПСК „КОЖУФ“ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНИНАТА ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Здружението планинарски спортски клуб „Кожуф“, од страна на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија доби Признание за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството, на одбележувањето на Светскиот ден на планината – 11-ти декември, кое се одржа вчера, недела, со пешачење до врвот на планината Водно, каде во планинарскиот дом Јосип Станчиќ (хотел Водно), имаше планинарски собир и доделување на признанија и сеќавање во чест на Проф. Д-р. Јовица Угриновски.
 
Секоја година 11 декември се слави како Светски ден на планината, ден кој за Македонија како планинска земја е исклучително важен.
Планините покриваат околу 22 проценти од површината на земјата и 13 проценти од светската популација живее во овие предели. Дури 90 проценти од луѓето кои живеат во планинските предели се жители кои доаѓаат од земјите во развој, каде голем дел од луѓето живеат под прагот на сиромаштијата и 1 од 3 лице се изложени на опасност од недоволна храна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *