МЗШВ: ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2023 ГОДИНА ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА КОНСКА БРАНА

WEB Телевизија во живо

Во првиот квартал од 2023 година ќе заврши изградбата на браната Конско, изјавија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години. Изградбата на оваа брана започна во јуни 2018 година. Вкупната инвестиција е 40 милиони евра, обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Програмата за рурален развој.
 
Браната Конско е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделките површини од овој регион, но оваа брана истовремено има мултифункционална намена.
Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, но ќе значи и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското Езеро. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини.
 
Дополнително, вештачкото езеро на Браната Конско која се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув, на само 20 тина километри одалеченост од градот, претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија. Глобално, ова ќе значи зголемување на економскиот раст, животниот стандард на населението, унапредување на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој крај и развој на општина Гевгелија на повеќе нивоа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *