ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА АКТИВНИ 5 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ОД ГРИП САМО 1 ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ!

WEB Телевизија во живо

Според последниот извештај на Министерството за здравство, минатата недела имало зголемување на бројот на позитивни случаи за 14,8 отсто или од направени 3.281 тест, биле потврдени 196 нови случаи на КОВИД-19. Најпогодени се постарите од 60 години и оние со хронични заболувања. Во Гевгелија активни се 5 случаи на Ковид-19
Досега во нашата земја се направени над 2,18 милиони анти-ковид тестови. Бројот на оздравени лица е 344.556, бројот на починати 9.572, бројот на активни случаи 214. За вакцинирање, актуелно има многу мал интерес. Со една доза се вакцинирани 875.849 лица, а целосно се имунизирани 856.930.
 
Во текот на 48-ма недела од 2022 година (од 28.11-04.12.2022), во Република Македонија се пријавени 58 случаи (3,2/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, со зголемување за 3,2 пати во споредба со минатата недела (18), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.
 
Од нив во Скопје – 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија и Дебар – 1.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *