ВНАТРЕШНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ДРАМАТИЧНО СЕ ПРАЗНИ. ИСЕЛУВАЊЕТО ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА Е ПОД ДЕСЕТ ПРОЦЕНТИ

Внатрешноста на Македонија драматично се празни, додека Скопје и околните места изминативе две децении добиле нови станари, пишува Дојче Веле.
 
Над 60 општини во земјата имаат изгубено голем процент од своето население, дел со внатрешни, а дел и со надворешни миграции. 
 
Најдраматична е ситуацијата во Центар Жупа, Маврово и Ростуша и Ново Село кои изгубиле од 39 до 42 проценти од последниот попис од пред 20 години.
 
Иселување имало и од Гевгелија, Неготино, Гази Баба, Чаир, Центар и Долнени, но таму бројките се далеку помали и се движат под 10 проценти. 
 
Намалување на населението се забележува и во Вевчани (3,26%), а најдолу на листата е Тетово коешто изгубило околу 3.04% од жителите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “ВНАТРЕШНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ДРАМАТИЧНО СЕ ПРАЗНИ. ИСЕЛУВАЊЕТО ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА Е ПОД ДЕСЕТ ПРОЦЕНТИ

  1. Nazalost ziveeme vo kolotecina so redica pogresni Opstestveni politiki koi so godini eskaliraat na poloso , odnosno se prodalbocuvaat a nema institucii nitu ,, nadlezni koi se zanimavat so istite , uste pomalku koregiraat. Deklarativnoto bez efektivnoto najcesto od politicki pobudi samo po sebe ne koregira… So ogled na sevkupnata kriza na ovie prostori i cela Evropa , prvo ce stradat poslabite regioni…kaj sto ne pripadjame. Makroekonomskata situacija na mkd znacitelno i ponatamu se vlosuva, sto znaci procesot na sieluvanje ce prodolzi so uste posilno tempo, Nazalost…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *