ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ПРЕКУ ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ЌЕ СТИПЕНДИРА 12 СТУДЕНТИ. МЕЃУ НИВ Е И ГЕВГЕЛИЧАНКАТА МАГДАЛЕНА ТРАЈКОВА

WEB Телевизија во живо

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едуката обезбеди стипендии за дванаесет студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. 
 
По извршената евалуација согласно конкурсот за стипендирање 2022/23 објавен на 01.11.2022 година, избрани се 12 кандидати, по три од Правен факултет, Машински факултет, Природно математички факултет и ФИНКИ.
 
Гевгеличанката Магдалена Трајкова е меѓу трите кандидати одбрани од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство-ФИНКИ. Таа е на одделот за Примена на информациски технологии.
 
Кога ја побаравме да и честитаме, таа ни кажа дека завршила средно во СОУ „Јосиф Јосифовски“ а дека го одбрала ФИНКИ поради тоа што е заинтересирана за информатичките науки и програмирање. 
 
Таа се надева дека во иднина се повеќе ге се бараат информатичари на берзата на трудот и со тоа полесно ќе може да најде работа по завршувањето на факултетот.
 
ТВ Нова 12 и посакува многу успех во студиите на Магдалена и остварување на сите нејзини желби во наредната 2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *