ВАСКО ЗАЈКОВ, МАРТИН ГЕОРГИЕВ И ПЕТАР ЧАКАЛОВ ОД РК „ПАРТИЗАН“ НА СПИСОКОТ НА СЕЛЕКТОРОТ ЛАЗАРОВ ЗА КАДЕТСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

WEB Телевизија во живо

Селекторот на сениорите Кире Лазаров и неговиот стручен штаб, го објавија поширокиот список на 101 ракометар од генерацијата 2006/07, од кои подоцна ќе биде формиран костурот на новата генерација кадетски репрезентативци.
 
На овој список се најдоа и тројца кадети од Рк Партизан .Васко Зајков,Мартин Георгиев и Чакалов Петар. Тие, заедно со останатите кандидати ќе учествуваат на двата изборни тренинзи, во Битола и во Скопје, во недела, на 4-ти и понеделник на 5-ти декември 2022 година.
 
На списокот има 15 ракометари од Мулти Есенс, 8 од Бисинов, 7 од Еурофарм Пелистер, по 6 од Вардар, Рисови, Голден Арт и Струга, по 4 од Куманово, Алкалоид, Охрид и Скопје, по 3 од Партизан Гевгелија, Тиквеш, Младост Богданци, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје и Прилеп, по 2 од Аеродром и Преспа Вардар, додека по 1 од Кузман Вардар, Пролет, Кичево, Металург РА, Асови, Астраион и Вардар Неготино. Меѓу повиканите има и еден интернационалец, кој настапува во Германија.
 
Прв голем предизвик за овие ракометари ќе биде настапот во квалификациите за ЕП 2024 година, што ќе се играат во јануари 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *