ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА А КРИСТИНА УЗУНОВА ЧЕТВРТА НА 14-ТО АРМИСКО ПРВЕНСТВО ВО КРОС-КАНТРИ

WEB Телевизија во живо

Над 100 натпреварувачи зедоа учество на 14-то Армиско првенство во крос-кантри трчање, кое вчера се одржа во Скопје, на патеката во спортскиот центар „Хиподром“. Меѓу нив се најдоа и четворица членови на АК „7-Ми Ноември“. 
 
Во женска конкуренција настапија Валентина Узунова и Кристина Узунова, а во машка конкуренција Ангел Делиќ и Мијалчо Андоновски.
Оваа традиционална спортска манифестација е во организација на Македонската Армија и се одржува цели 14 години.
 
Заради промоција на воениот спорт, крос кантри првенствата секоја година се одржуваат на различни локации ширум нашите касарни, но и на локации кои се идеални за спортување и реализација на ваква дисциплина во кралицата на спортовите – атлетиката. 
 
Патеката, односно кругот за трчање кој беше одбран за 14 – то Армиско првенство во крос беше со должина од 1600 метри.Трката беше реализирана со трчање во кругови, должината за жените беше 4.800м (3 круга) додека за мажите 8000 метра (5 круга).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *