ТОДОР И ДИМИТАР УЗУНЧЕВИ ПОВИКАНИ ВО КАДЕТСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ТУРНИРОТ ВО ГЕРМАНИЈА.

WEB Телевизија во живо

Машката ракометна кадетска репрезентација на Македонија, , ќе настапи на мошне силен турнир во Германија. Селекторот Раде Стојановиќ ќе може да ги тестира своите кадети пред новогодишните празници.
 
Македонија ќе биде гостин на Шпаркасе Куп, турнир што традиционално се одржува во Германија, а конкретното натпреварување ќе биде во Мерциг, погранично место со Франција, од 27 до 29 декември..
Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, која ќе настапи и на Европско првенство (ЕП) за младинци (за ракометари до 20 години) во 2024 година, Стојановиќ, повика 20 ракометари меѓу кои се најдоа и браќата Тодор и Димитар Узунчеви. Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 21 декември во Скопје.
 
Состав: Иван Галевски, Александар Петковски (Алкалоид), Дамјан Митев, Тодор Узунчев, Димитар Узунчев, Валентин Карасманакис (Мулти есенс), Михаел Тотиќ, Андреј Стојановски, Томислав Димовски (Пролет), Дејан Михајловиќ, Дамјан Субашевски (Бутел), Марио Стојановски (Вардар), Петар Стојановски, Андреј Глигоров (Голден арт), Антонио Николовски (Младост), Стефан Милков, Славчо Шулевски (Тиквеш), Ненад Бeлистојановски (Еурофарм Пелистер 2), Давид Брестовац (Котбус, Германија), Мирче Калајџиоски (Гросист, Словенија).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *