СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВИОТ ОБЈЕКТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во присуство на генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, на претседателот на Црвениот крст на Македонија, Ромел Велев, на претседателот на ОО на ЦК на Гевгелија, Ристо Чугунцалиев, на градоначалникот Андон Сарамандов, како и на претставници на органи и институции од Општина Гевгелија, денеска на свечен начин беа дадени во употреба новите простории на ОО на Црвен крст Гевгелија.
 
При отворањето, во својот говор, секретарот Лазар Мешков истакна дека со ова започнува едно ново поглавје во работењето на Црвениот крст од гевгелија. При тоа тој напомена дека годината што изминува со преку 4.000 волонтерски часови и 11 крводарителски акции во кои беа собрани 700 единици крв, ОО на Црвен крст Гевгелија уште еднаш покажа дека со добар тим и тимски дух работеше нво служба на хуманоста на сите граѓани на Општина Гевгелија.
 
Секретарот на ЦК на Република Македонија, Саит Саити, во своето обраќање пред присутните потенцираше дека Гевгелија добива импозантен објект, вреден 4 милиони денари во кој свое поле за работа ќе најдат сите кои мислат на хуманоста и волонтерската работа.
 
Градоначалникот Сарамандов рече дека со ова Црвениот крст на Гевгелија испишува нова страница во својата работа и изрази задоволство што идеата за ваков објект се реализираше по 10 месеци, со што, рече тој Црвениот крст на Гевгелија станува лидер во Југоистокот со своите проекти и својата работа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *