СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „АНА ФРАНК-ИСТОРИЈА ЗА ДЕНЕС“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

„Јас живеам во лудо време.“, пишува Ана Франк во својот Дневник
Девојчето кое во целиот свет е препознаено како симбол на децата жртви на холокаустот е родено во Франкфурт 1929 година. Четири години подоцна со семејството се сели во Аместердам откако во Германија на сила стапуваат закони против Евреите. 
 
На почетокот на нацистичката окупација, семејството Франк се сели во тајно засолниште, каде Ана во текот на две години го пишува својот дневник. Воавгуст 1944 е напишан последниот запис во дневникот. Откриено е засолништето на нејзиното семејство и петнаесетгодишната Ана умира во логор. Единствениот преживеан член на нејзиното семејство е Ото Франк, нејзиниот татко, кој го објавува дневникот.
 
Младински образовен форум (МОФ) организира свеченото отворање на патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ на 28 декември 2022 година (среда) со почеток во 17:30 часот во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија. Истата ќе биде отворена за посетители до 11 јануари 2023 година.
 
Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Северна Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.
 
Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, кои ќе поминат обука спроведена од младинските тренери на МОФ за да ја раскажат приказната на Ана Франк. До сега, изложбата беше поставена во 18 општини низ државата.
 
Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на Anne Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *