СТЕФАН МАРКОВСКИ ВО НОВАТА РЕДАКЦИЈА НА „СТОЖЕР“, СУЗАНА МИЦЕВА НОВ ЧЛЕН НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ

WEB Телевизија во живо

Деновиве беше промовирана ревијата „Стожер“ за 2022 година. На промоцијата се обратија Христо Петрески, претседател на ДПМ и Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник на ревијата.
 
Во трите броја подготвени од новата редакција, која освен Ковилоски ја сочинуваат: Лилјана Пандева, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Емин Шериф и Стефан Марковски, се објавени стотина прилози од вкупно 70 автори.
 
Освен новини во редакцијата, ревијата има и нов графичко-технички дизајн, како и нови рубрики (Хроника на ДПМ, Литературни вести од светот и од Македонија итн.)
 
На страниците на „Стожер“ оваа година се одбележани низа јубилеи (Владимир Костов, Горан Стефановски, Васил Иљоски итн.), повеќе студии и осврти, есеистички записи, прозни и поетски остварувања, епистоларни обраќања и сл.
 
Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија со тајно гласање избра нови членови на ДПМ – Габриела Стојаноска – Станоеска, Сашо Огненовски, Славица Урумова – Марковска, Игор Ангелков, Ирена Јурчева, Сузана Мицева, Милена Ристова – Михајловска, Ахмет Селмани и Владо Јаневски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *