СОУ ,,ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ ДОБИ 507.000 ЕВРА ГРАНТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.

WEB Телевизија во живо

Проектот на СОУ „Јосиф Јосифовски“, “Иновативен тренинг HUB – вештини на иднината“ е одбран за финансирање од вториот повик на RCF (Regional Challenge Fund) – Рeгионалниот фонд за предизвици со 507.000 евра. RCF има за цел да ја зајакне релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку фондови.
 
СОУ „Јосиф Јосифовски“ е едно од 4- те средни училиште и два факултета на национално ниво што успеа да добијат грант од вкупно 123 апликации од 6 држави од Западен Балкан.
Грантот ќе биде искористен за модерен, еколошки, енергетско оддржлив тренинг центар- HUB доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии за пракса на ученици од економската струка; инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот; автомобилска тренинг опрема за практична настава, електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторант за ученици од угостителско-туристичката струка обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите во проектот.
 
Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на гевгелиските компании.
 
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, преку својот ФБ профил им честиташе на директорката Марија Танева, координаторите на проектот Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки, Флорит Гевгелија и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *