СО НОВИОТ МОДЕЛ НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ЌЕ СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ОПШТИНИТЕ

WEB Телевизија во живо

Во Министерството за локална самоуправа се работи на нов модел на територијална организација и на локалната самоуправа, со кој се предвидуваат намалување на бројот на општините и намалување на бројот на планските региони.
 
Планот е да се направи разлика помеѓу големите и малите општини, градови со градоначалник и општини со претседател на општина, со помали ингеренции. Исто така, се разгледува можноста за фузирање на општините, две помали општини во една или помала кон поголема општина – за да се заштедат ресурси и да станат пофункционални.
 
Се разработуваат и можностите за полесно разрешување на градоначалникот, поголеми ингеренции на советите на општините и враќање на правниот статус на месните и урбаните заедници
Се предлага и намалување на планските региони од осум на шест. Последниот попис утврдил дека во државата нема услови за осум плански региони. 
 
Според ЕУ-номенклатурата, два од моментните плански региони во земјава повеќе не го исполнуваат потребниот услов за население од околу 150.000 жители, додека еден е на граница. Тоа би значело од четирите плански региони – Вардарскиот, Источниот, Североисточниот и Југоисточниот – да се формираат два.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *