СИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМААТ ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

WEB Телевизија во живо

Сите основни и Средното општинско училиште од Општина Гевгелија навреме имаат поднесено барања за субвенционирана електрична енергија. Од Одделението за образование во Општина Гевгелија, за ТВ Нова 12 изјавија дека имале состаноци и ги информирале управите на училиштата дека треба да поднесат барања.
 
Од 474 јавни основни и средни училишта во Република Македонија, за субвенциорано снабдување се пријавиле само 233 установи кои ќе плаќаат по 95 евра за мегават-час.
 
Снабдувањето на овие потрошувачи ќе се прави преку ЕСМ Продажба, во текот на траењето на енергетската криза, до крајот на април идната година. Корисниците се поделени во 3 категории од кои оние кои спаѓаат во првата категорија, физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност, ќе плаќаат по 80 евра за мегават час, а останатите ќе купуваат струја за 95 евра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *