ПРОЛЕТ Е, 17-ТИ ВО ДЕКЕМВРИ. ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД НА ГОДИНАТА СЕ ЛОШИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО

WEB Телевизија во живо

Како што пее во една своја песна, рокерот, поетот и југоисторичарот Бранимир Џони Штулиќ, иако не и е време, пролет е во декември, или како да е месецот мај, а само уште две недели , ни доаѓа Новата година. Климатските промени се повеќе се гледаат на дело, а во прилог на тоа сведочат и необично високите температури за овој дел од годината. Така во месец Ноември, оваа година, во Гевгелија е забележана температура од 29,7 степени.
 
Необично високите температури за овој период од годината, лошо влијаат на здравјето на луѓето, особено на оние хронично болните. Оние кои имаат хипертензија, цереброваскуларни пречки и срцеви болести треба да ги прилагодат своите физички активности спрема своите години, додека релативно здравите може, во вакво време, да почувствуваат вртоглавица, главоболка и умор. Затоа, се препорачува внес на повеќе течност, одморање и прилагодување на гардеробата на временските услови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *