ПOТТИКНУВАЊЕ НА ПРОАКТИВНОСТ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ВРСНИЧКИ ФОРУМ ТЕАТАР ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА“

WEB Телевизија во живо

Во рамките на проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ беше реализиран дводневен камп со вкупно 30 ученици од основните училишта и средното училиште од општина Гевгелија.
 
На работилниците учениците на креативен и безбеден начин имаа можност слободно да зборуваат за нивните потреби и проблеми. Преку игра на улоги ја претставуваа фактичката состојба во нивната средина поврзана со темата за врсничкото насилство, поттикнувајќи емпатија и одговорност кај секого.
 
Преку дискусија и нудење различни пристапи во конфликтните ситуации учениците имаа можност да учат едни од други на искуствен начин. Целта на работилниците беше поттикнување индивидуална и создавање проактивни личности кои ќе може да врши влијание во средината каде живее и се движи.
 
На овие работилници се работеше и на создавање на четири сценарија кои подоцна треба да се претворат во видеоприказни и една театарска претстава што е следна цел на проектот.
Работилниците беа изведени во хотелот „Истатов“ во Нов Дојран.
 
Проектот одобрен од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Гевгелија. Истиот ќе го имплементираат здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *