ПАРНАТА ЛОКОМОТИВА, „ЗАМРЗНАТА“ СПРОТИ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА, МОЖЕ ДА СТАНЕ ГЕВГЕЛИСКИ ТУРИСТИЧКИ ЕКСПОНАТ

WEB Телевизија во живо

Во 2023 година, Македонија ќе одбележи 150 години од постоењето на железничкиот сообраќај кај нас. Чувството за почитување на техничкиот и технолошки разој на една држава се гради постојано, преку објавување документација и нагледно претставување експонати. Остануваме меѓу последните држави во Европа што го нема зачувано и заштитено своето културно и техничко наследство од оваа област.
 
Имено,првата железничка линија Солун-Скопје,била изградена во 1873 година,и тогашното железничко претприја располагало со 500 вагона, од кои 200 биле затворени, за превоз на роба, а 25 патнички вагони биле од прва и втора класа, додека 25 патнички вагони бле од трета класа. За влечење на овие вагони биле користени 17 локомотиви на парен погон, како оваа која стои „замрзната“ во времето, спроти железничката станица во Гевгелија.
 
Пред извесно време пишувавме за бункерите, тие неми сведоци на воените дејствија кои се случувале на оваа територија, од времето на Балканските и Првата светска војна, кои сеуште постојат во гевгелиско, а кои со мали поправки и смислено, внатрешно уредување, може да влезат во туристичката понуда на градот, како едно ехо од минатото. Нашата сограѓанка Аница Ринчева не дополни, кажувајќи дека по текот на Сува река дури до Горничет ги има околу 80, па дури и предлага да се направи пат до сарандарот, каде била фронталната линија
 
Овој пат предлагаме уште еден остаток од минатото да влезе во евентуалната идна туристичка понуда и туристичка атракција за сите оние домашни и странски туристи кои ќе ја посетуваат Гевгелија. Се работи за.парната локомотива, која се наоѓа наспроти железничката станица во Гевгелија, како и системите за нејзино полнење, кои функционирале се до 1978-та година, кога пругата кон Гевгелија била електрифицирана.
 
Се работи за добро сочувана, маневарска парна локомотива, произведена од Henschel & Sohn во 1922 година, од серијата 61-011, која со една осмислена акција за нејзино бојадисување и средување, може, со минимални финансиски средства да стане туристичка атракција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *