ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ГО СТАВА ВО ФУНКЦИЈА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК „Е-ДАНОК“

WEB Телевизија во живо

Од денес започнува со работа новиот систем за електронска наплата на сите даночни обврзници во нашата општина. Системот е изработен на квалитетна платформа и ќе работи во соработка со познатиот платежен систем КаСис.
 
Овој проект на Општина Гевгелија и даночното одделение има за цел да го поедностави начинот на плаќање на нашите сограѓани, но и да не доближи до светските трендови во сферата на работењето со платежни картички и новите начини и канали на плаќања.
 
Даночните обврзници на Општина Гевгелија потребно е да се најават на веб страната – https://edanoci.gevgelija.gov.mk и бесплатно може да ги користат електронските услуги: Проверка на доспеан данок по основ на локален данок на имот; Проверка на данок по основ за комунална такса за фирма; Електронско плаќање на доспеаните локални даноци и комунални такси; Еден кориснички профил за сите локални даноци на име на корисникот; Плаќање со било која картичка од било каде 24 часа на ден.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *