ОД ДЕНЕС, ПРЕКУ ОТВОРЕНИТЕ ВИКЕНДИ, ГРАЃАНИТЕ НА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Оваа година Општина Гевгелија ги отвара вратите за своите сограѓани. Преку отворени викенди, во наредниот период, во непосредна комуникација со граѓаните, заедно ќе биде формиран Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
 
Во рамки на оваа активност, денес и утре, 3-ти и 4-ти декември, од 11 до 14 часот, како и наредниот викенд, на 10 и 11 декември, од 11 до 14 часот, се организираат отворени денови во просториите на Општина Гевгелија , каде граѓаните може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за наредната буџетска година.
 
Целта e да се наметнат нови принципи и пракса во која граѓаните ќе имаат поголемо учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, како и креирање на транспарентна локална самоуправа.
 
Покрај отворените денови каде ќе може граѓаните лично да предложат идеи, во наредниот период ќе биде достапна и анонимна електронска анкета, каде исто ќе може тие да ги предложат своите идеи за креирањето на Буџетот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *