НАЈМНОГУ ДОЖД ВО ДЕМИР КАПИЈА, 55 И ВО ГЕВГЕЛИЈА, 47 ЛИТРИ.

WEB Телевизија во живо

Најмногу дожд, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР.
 
И денска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Во јужните делови од земјата (особено во крајните јужни делови и Гевгелискиот регион) се очекуваат пообилни врнежи од дожд, при што предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во овој регион, како и во градските населени места каде се можни локални проблеми како резултат на можните обилни врнежи, соопшти УХМР.
 
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *