НА „ROBOMAC JUNIOR 2022“, УЧЕНИКОТ ФИЛИП МИЦЕВСКИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ ОСВОИ ВТОРО МЕСТО И ДОБИ СТИПЕНДИЈА ЗА ШКОЛУУВАЊЕ НА ФЕИТ

WEB Телевизија во живо

На натпреварот по роботика, вештачка интелигенција и електроника ROBOMAC Junior 2022, за ученици од четврта година од средните училишта во Македонија кој се одржа од 30 ноември до 2 декември 2022 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, ученикот Филип Мицевски од СОУ „Јосиф Јосифовски“ освои второ место и сребрен медал .
 
Ученикот се натпреваруваше во категоријата автономна мобилна роботика и доби стипендија за школување на ФЕИТ. Целта на оваа категорија беше да се зголеми интересот за роботика, автоматика и вештачка интелигенција меѓу средношколците во нашата земја. Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање и слично.
Ментор на ученикот Филип Мицевски е професорот Зоран Филов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *