НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1903 ГОДИНА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“ НА КРСТЕ МИСИРКОВ

WEB Телевизија во живо

Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.
 
Последната статија во оваа книга носи наслов „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“ и претставува прв научно аргументиран, теориски солидно поставен и практично разработен проект за кодификација на македонскиот јазик.
Мисирков тргнува од особеностите на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици. 

Тој ја разгледува неговата историја, неговата практична примена во писменоста, како и културно-историските околности кои придонесуваат да се избере западномакедонското наречје и да се издигне на ниво на литературен јазик.
 
Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен јазик е национален интерес на македонскиот народ и успешно средство во национално-политичката борба против туѓите пропаганди и против употребата на туѓите соседни јазици.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *