МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – НОВА ПЛАТФОРМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МЛАДИНСКИ СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА.

WEB Телевизија во живо

Со цел да се поттикне економско зајакнување и развој на социјални претпријатија предводени од млади, Националниот младински совет на Македонија подготви веб-платформа за финансиска поддршка на социјални претпријатија – „Млади претприемачи“.
 
„Млади претприемачи“ претставува crowdfunding алатка, преку која младите можат да собираат средства за формирање на социјално претпријатие. Претприемачите ги претставуваат своите иницијативи на платформата и преку crowdfunding кампања потоа можат да соберат финансиска поддршка од јавноста за реализација на нивната идеја.
 
Платформата е отворена за користење за веќе постоечки социјални претпријатија, граѓански организации и млади индивидуи/тимови кои имаат идеја за сопствен бизнис, меѓутоа немаат почетен капитал кој може да го вложат за развој/oсновање или унапредување. Дополнително, истата е замислена и како ресурс за постоечки и нови иницијативи, нуди помош во секој чекор од процесот на реализација на бизнис идејата, како и информации за поддршка на социјалното претприемништво, надоградување на младите претприемачи, споделување на знаење и вмрежување.
 
Во склоп на платформата поставени се и првиот регистар на социјални претпријатија, како и основна студија за социјалните претпријатија во земјава.
 
„Млади претприемачи“ е подготвена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, кој НМСМ го спроведува со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот се стреми да обезбеди можности за градење на капацитетите на невработените млади лица, a истовремено да ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво, како модерен начин на самовработување. Целта на проектот е да го зголеми интересот на младите за социјално претприемништво преку креирање различни можности во оваа област, што би резултирало и со зголемен број на социјални претпријатија.
 
Националниот младински совет на Македонија е сојуз на здруженија кој обединува 51 организација со различна позадина и преку својата работа директно влијае на младинската добросостојба, овозможува социо-економски раст на младите, поттикнува активно граѓанство и младински активизам, воспоставува мрежи помеѓу младите, бизнис секторот, донаторите, институциите и останатите чинители и се залага за следење на трендовите во областа на младите.
Посетете ја платформата и прочитајте како можете да ја претставите вашата идеја на следниот линк: mladipretpriemaci.mk.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *