КОНКУРСИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ СЕ ОТВОРЕНИ ДО 30-ТИ ДЕКЕМВРИ

WEB Телевизија во живо

Oпштина Гевгелија ги објави Конкурсите за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности и за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2023 година. На Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности имаат право да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија, согласно Законот за здруженија и фондации. 

Додека, на Конкурсот за финансиска поддршка на културните активности имаат право да учествуваат сите активни Месни заедници, со легитимни органи на управување, коишто ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место.
Конкурсите се отворени до 30 декември, 2022 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2023 година“ и „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2023 година”.
 
Резултатите од Конкурсите ќе бидат објавени во вид на Програми, кои ги носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе бидат објавени во Службен гласник и веб-страницата на Општината. Дополнителни информации за Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности, заинтересираните апликанти можат да се добијат на тел.: 034 211 211 и 075 233 394, a за Конкурсот за финансиска поддршка на програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности на тел.: 075 228 617. Пријавите можат да се преземат од веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *