ИВАНА ДУЕВА ЈАНКУЛОВA, ЛОГОПЕД-ДЕФЕКТОЛОГ ВО ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА:

WEB Телевизија во живо

„ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДРУГИ ДИГИТАЛНИ СРЕДСТВА,СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ИМА ПРОБЛЕМИ СО ГОВОРОТ. “
 
Ивана Дуева Јанкулова е дипломиран логопед-дефектолог во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија. Основно и средно образование завршува во Богданци а 2015 Филозофски факултет во Скопје.Моментално е на магистратура по психологија на Славјанскиот универзитет. Податокот дека се повеќе деца има со пречки во говорот, беше причина за разговор со Дуева Јанкуловa.
 
Постојат различни видови на нарушување на говорот и јазикот кај децата. Потребно е родителот навреме да ги препознае овие нарушувања и да контактира со логопед, наместо да чека детето да тргне научилиште. До тригодишна возраст, детето обично ги изговара сите самогласки и околу десетина согласки, Гласовите се развиваат постепено и во петтата година се изговараат правилно без искривувања (оштетувања).
Бавниот развој на говорот е проблем кој најчесто се јавува до три или четири години. Детето го разбира говорот на околината, но реченицата не е граматички точна.
 
Најинтензивниот развој на говорот и јазикот ги опфаќа првите три години од животот и се одвива во предвидени фази. Детето поминува низ фази од првиот плач до доброволно учество во разговор во кој ги искажува своите мисли, чувства, ставови и потреби. Превербалната фаза започнува со раѓањето и трае до 9-тиот месец од животот на детето. Следува фаза на говор, која е обележана со појава на првиот збор со значење од 9 до 15 месеци, потоа фазата на појавување на првите реченици од 18 до 24 месеци и периот на нагло збогатување на вокабулар и освојување граматички правијаод 24 до 36 месеци.
 
Кај децата со нарушување во развојот на јазикот, обично има податоци за доцното говорење, а кога говорот почнува да се развива, може да се забележи доцнење во стекнувањето на јазичната структура и вербалното однесување кое не е карактеристично за деца со типичен јазичен развој. Тие неможат директно да се објаснат со абнормалности на невролошките или говорните механизми, сензорни оштетувања, оштетувања на интелектуалниот развој, ниту трауми на животната средна. Тие често се поврзуваат со тешкотии во читањето, и во меѓучовечките односи, емоционални проблеми и проблеми во однесувањето.
Нарушувањето на говорот и јазикот се најчестите развојни нарушувања во раното детство, кои зафаќаат 4-10% од децата.
Од пелени се со мобилен во рака, пред таблети и тв екрани – секое второ дете има тешкотии во развој на говорот
 
Од моето искуство во Општа болница Гевгелија со проширена дејност со спроведување на систематските прегледи на децата од школска возраст од општина Гевгелија и општина Дојран дојдов до заклучок дека секое трето дете има проблем со говорот. Главен причинител за успорен говорен развој е користењето на мобилни телефони и други електронски апарати уште од најмала возраст. Затоа останува живиот говор или говорот на родителот со детето да биде најважен фактор за правилен развој.
 
Кога е време за логопед?
Едно од најчестите прашања кога станува збор за говорот и јазикот е – Кога е време за логопед? Дали е детето уште мало? Дали треба да чекаме говорот сам да се развие затоа што и таткото и дедото зборувале доцна? Дали детето ќе почне да зборува кога ќе тргне во градинка? Или детето е само мрзеливо? Само ние дома го разбираме него и никој друг?
 
Имаме впечаток дека денес е воспоставено мислење дека дете пред 3-годишна возраст не треба да оди на логопед затоа што е уште мало! Ако ги погледнеме нормите за таа возраст, ќе видиме дека дотогаш детето веќе има основа на мајчиниот јазик – реагира и извршува команди, следи упатства, самостојно формира реченици, ги соопштува своите желби, користи именки, глаголи, придавки, предлози, активен речник однеколку стотици зборови, рецитира песни, правилно изговара 18 звуци итн… И многу брзо сознаваме дека доцна сме го контактирале и дека доцна сме почнале со стимулација, како и дека такво мислење немаапсолутно никаква научна основа.
 
Нашиот одговор на прашањето кога е време за логопед е дека никогаш не може да биде прерано, без разлика на возраста на детето. Доколку се е во ред и во согласност со старосните норми, нема потреба од никакви третмани, но доколку има отстапувања, треба да се укаже на важноста на рана стимулација и да се предложат понатамошни чекори во работата со детето. Тогаш не смееме да го оставиме детето без стимулација и да ги чекаме контролите за неколку месеци, бидејќи голема е веројатноста дека отстапувањето ќе биде со поголемо и поголемо како што одминува времето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *