ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПЛАНИНАРИ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖАТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНИНАТА – 11 ДЕКЕМВРИ СО СВОИТЕ КОЛЕГИ НА „ВОДНО 2022“

WEB Телевизија во живо

ФПСМ, традиционално и оваа година ќе се приклучи кон одбележување на Светскиот ден на планината, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.
 
Оваа година, „Светскиот ден на планината ќе се одбележи на 11 декември 2022 година, недела, со пешачење до врвот на планината Водно, каде во планинарскиот дом Јосип Станчиќ (хотел Водно), ќе има планинарски собир и доделување на признанија и сеќавање во чест на Проф. Д-р. Јовица Угриновски
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан, окрепување со гравче , добро расположение и дружење.
 
Планинарењето полека, но сигурно, станува и нов начин на живот и еден од поатрактивните спортови како во светот, така и во Македонија. Брзиот начин на живот, нездравата исхрана, загаденоста на големите градски центри, се причината луѓето полека да се враќаат кон природата.
Токму поради тоа во 2003 година, Генералното собрание на Обединетите нации 11 декември, го прогласува за Светски ден на планината.
 
Кога зборуваме за Македонија, слободно може да кажеме дека е планинска земја. Планините се исклучително значајни бидејќи дури 80% од територијата на државата е сочинета од планини. Има околу 40 планини од кои 12 се повисоки од 2000 метри надморска висина, што ја прави единствената држава во Европа со толкав број на планини и планински масиви на својата површина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *