ГЕВГЕЛИЈА, СО 240 СОНЧЕВИ ДЕНОВИ ГОДИШНО Е ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ЗА ДОБИВАЊЕ ЕНЕРГИЈА

WEB Телевизија во живо

Користењето на сончевата енергија во домаќинствата стана тренд број еден во светот, а и во Македонија расте свеста за користење на обновливите извори на енергија, особено во ова време на енергетска криза.
Секоја секунда Сонцето претвора приближно 4,3 милиони тони материја во енергија? Тоа е речиси бескрајно снабдување со енергија што е главно неискористено.
 
Така настанаа и соларните панели кои покриваат покриви на се поголем број домови и деловни објекти, а во ведрите денови, кога нема темни облаци, ловат дел од сончевата енергија. Експертите велат дека просечниот панел на соларни ќелии може да претвори 18 до 22 отсто од енергијата што ја собира во употреблива електрична енергија.
 
Согласно новиот Закон за енергетика домакинствата имаат право да постават фотоволтаичен систем за сопствена потрошувачка.
Условите за поставување на ваков систем се дефинирани со повеќе закони и подзаконски акти, но првенствено потребно е да поседувате локација/објект за која поседувате соодветна документација(имотен лист, други документи за сопственост, документ за долготрајно право на користење, закуп и сл.). Сите останати докунти , како основен и изведбен проект, дозволи за градба и сл. се составен дел на овие услови.
 
Воедно е неопходно броилото на корисникот на фотоволтаичниот систем да се промени од еднонасочно во двонасочно кое ќе го мери текот на енергијата кон и од дистибутивната мрежа.
Промената на броилото се состои во поднесување на барање за промена на приклучок кој се поднесува до операторот на дистрибутивниот систем.
Најдоброто нешто во сето ова – сончевата енергија е бесплатна.
 
Така, користењето на сончевата енергија во домаќинството стана тренд број еден во светот, а и во Македонија расте свеста за користењето на обновливите извори на енергија. Општина Гевгелија, како регион во кој годишно има 240 сончеви денови е идеално место за поставување на соларни панели.
Искористувањето на сончевата енергија е иднината за добивање на енергија.
 
Многумина се сеќаваме дека пред 20 години, кога се јавувавме на фиксни телефони со долги жици, не можевме да замислиме дека сите ќе имаме мали мобилни телефони кои ќе ги носиме насекаде со нас и дека сите ќе имаме свој виртуелен живот, пријатели, разговори и врски, а денес тоа е нормално секојдневие.
 
Истото е и со искористувањето на сончевата енергија. Многумина се свртеа кон сонцето како обновлив извор на енергија, а некои сè уште мавтаат со рацете на оваа идеја. Но, факт е дека користењето на сончевата енергија наскоро ќе стане општ стандард, исто како и пишувањето на лаптоп наместо на машина за пишување.
Но, овој тренд не се појави од каприц, туку од чиста потреба.
 
Фосилните горива како што се јагленот, нафтата и природниот гас се намалуваат. Редовно читаме написи за недостиг, ограничувања, препукувања меѓу земјите поради намалените залихи, поскапувањето на енергијата…
Покрај тоа, согорувањето на фосилните горива ја зголемува концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, што нè води во неизвесна климатска иднина бидејќи, според некои извештаи, загадувањето и нарушувањата во глобалните системи за храна предизвикани од екстремните временски услови предизвикуваат седум милиони предвремени смртни случаи годишно.
 
Решението е во енергетска независност.
Според експертите, иднината на енергијата и економијата на Македонија се рефлектира во геотермалните извори, биогасот, малите и средни соларни централи, отпадната енергија, индустријата за енергетска ефикасност и водородот со електрификација.
 
Граѓаните треба да се свртат кон производство на сопствена енергија и управување со својата енергија од обновливи извори на енергија. Конкретно, инсталирајте соларни централи на вашите покриви. Целиот процес е многу едноставен и исплатлив.
Покрај тоа што е еколошка енергија, чија употреба ве штити од можни поскапувања на електричната енергија во иднина, инсталацијата на соларна централа ја зголемува вредноста на вашиот имот.
 
И што е најважно, Сонцето е најпрофитабилниот извор на енергија бидејќи бара најмалку инвестиции и дава најголема заштеда.
За просечно четиричлено македонско семејство, инсталацијата на соларна централа би чинела меѓу 4.000 и 6.000 евра, а по инсталацијата, сметките за струја би требало да им се намалат за 75 до 90 отсто.
 
Повратот на инвестицијата може да се очекува за 6 до 8 години, по што соларната централа почнува да му носи профит на сопственикот.
Вишокот произведена енергија, сопственикот на централата обично го предава на енергетскиот систем преку двонасочен метар. На овој начин, во текот на својот животен век, просечната соларна централа ќе заштеди на својот сопственик околу 12.500 евра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *