ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ПРИВЛЕКУВА ТУРИСТИ СО АВАНТУРИ ВО ПРИРОДА, ДОБРИ ВКУСОВИ, ЗАБАВА, ИСТРАЖУВАЊЕ И ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

WEB Телевизија во живо

Во просториите на Народниот театар, пред туристичките работници од општината, беше оддржана втората по ред презентација за претставување на новата туристичка платформа за потребите на Гевгелија.
 
Покрај промоцијата на туристичката платформа, беа претставени петте туристички столба за туристичкиот потенцијал на Општина Гевгелија, сензационални вкусови, истражување на потеклото, џдравје и убавина, авантури во природа и забава и возбуда.
 
Исто така, беше презентирано и новото туристичко лого, со слоганот Гевгелија, зачини го патешествието, како и веќе изработените промотивни материјали. брошура, флаери и промо-видеа, како и веб-страната за промоција на туристичкитите капацитети и погодности во Гевгелискиот Регион- gevgelija-tourism.mk.
 
Туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија, беше потенцирано на промоцијата, е основниот предуслов за поголема туристичка промоција на нашето поднебје и, се разбира, поголема искористеност на туристичките капацитети и потенцијали.
 
Гевгелија е погранично место низ кое поминуваат голем број транзит туристи. Целта на Локалната самоуправа е да привлече што поголем број на посетители, а оваа платформа со сите информации да стигне и до оние кои веќе се решиле да ја посетат Гевгелија, имајќи ги информациите за сите капацитети на Гевгелија, и да се направи сето она што е потребно нивниот престој да биде подолг.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *