ГЕВГЕЛИЈА И БОГДАНЦИ МЕЃУ 17-ТЕ ОПШТИНИ КОИ ДОБИВААТ ГРАНТОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ

WEB Телевизија во живо

Вчера, градоначалникот Андон Сарамандов, заедно со градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов и секретарот на Црвениот Крст Гевгелија, Лазар Мешков присуствуваа на презентацијата на резултатите од вториот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, што го организираше Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка, во износ од 7.538.848 денари,
Со овој проект лицата со посебни потреби во општините Гевгелија и Богданци ќе добиваат помош од страна на обучени лични асистенти, за да можат квалитетно да го продолжат својот живот во заедницата и својот сопствен дом.
 
Избраните организации ќе обезбедуваат различен вид на услуги, особено за социјално ранливите категории граѓани кои живеат на територија на 17 општини, меѓу кои во градовите: Охрид, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Гостивар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Крива Паланка, како и во осум помали општини: Долнени, Кривогаштани, Богданци, Босилово, Врапчиште, Пласница, Центар Жупа и Арачиново.
 
Социјалните услуги што ќе им бидат овозможени на жителите од овие општини се однесуваат на: помош и нега во домот, обезбедување лична асистенција, како и организација на дневни центри за престој, а со нив се очекува да бидат опфатени околу 530 корисници на кои им е неопходна помош и поддршка, како што се лица над 65 години, деца и возрасни со физичка или интелектуална попреченост, како и лица со намален функционален капацитет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *