„ДОПИРОТ ИМА МЕМОРИЈА – ИЗЛОЖБА ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД ВО ГАЛЕРИЈАТА „АМАМ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Со уникатен спој на сликарството и македонската поезија во изложбата „Допирот има меморија“ уметницата Ѓоргина Спасевска ќе се претстави во НУ Музеј Гевгелија, уметничка галерија Амам.
Освен визуелното доживување, изложбата ќе им овозможи на лицата со оштетен вид да ја искусат ликовната уметност на едно сосема поинакво ниво. 

Изработените уметнички дела се создадени без визуелни граници, со можност преку Брајовото писмо, лицата со оштетен вид да ја доживеат уметноста на поинаков, единствен и моќен начин. Со допирање на површината на платното ќе се откријат зборови, цитати од македонската поезија, кои ќе ја направат конекцијата меѓу зборот и сликата, делото и замислата.
Сликите се изработени во техниката акрил на платно, и како што вели таа, претставуваат моќна експресија на платното за нејзината визија.
Изложбата ќе биде отворена на 10 декември 2022, сабота, во 18 часот.
 
Спасевска се занимава со уметност над 20 години.Учествувала на повеќе уметнички настани и изложби, како дел од иницијативата „Донирај уметност“ каде што беа донирани збирки од повеќе од 70 уметнички дела од Северна Македонија до Грција како солидарност по пожарите во Грција, 2018 година; Саемот за уметност In Situ Саем во МКЦ Скопје, 2019 година; настанот „Запознај го уметникот“ со изведба во живо – создавање уметност, Скопје, 2019 година; дел од групна изложба „Будење“, ноември 2021 година, а авторка е и на две самостојни изложби – едната како дел од настанот Skopje Design Week во Јавна соба, Скопје 2018 година и самостојната изложба „Femme“, март 2019 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *