ДАНИЕЛА ГОШЕВА КАНГОВ :

WEB Телевизија во живо

„СО ТРИБИНА ГО ОДБЕЛЕЖАВМЕ 3-ТИ ДЕКЕМВРИ,МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ. ПОТРЕБНА Е НАША ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИВНОСТ. “
 
Здружението на лицата со телесен инвалидитет Мобилност Гевгелија го одбележа Мегународниот ден на лицата со попреченост со трибина на тема : Предизвиците и потребите на лицата со телесен инвалидитет во Гевгелија.
 
На трибината, покрај членовите на здружението, присуствуваа и Градоначалникот на Општина Гевгелија г-дин Андон Сарамандов, Пратеничките од Собранието на Република Македонија, г-ѓа Ангелинка Петкова и Г-ѓа Марија Костадинова, секретарот на Црвен крст г-дин Лазар Мешков, директорот на Центарот за Социјална работа г-ѓа Васка Илиева, советникот во Општина Гевгелија, г-ѓа Слаѓана Стаменковска и Љупчо Алексовски, новинар во Телевизија Нова 12.
 
Претседателот на здружението Мобилност Гевгелија, Даниела Гошева Кангов, во своето обраќање ги потенцираше проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет во секојдневието, и апелираше до сите чинители во општеството да се овозможи инклузија на лицата со инвалидитет, а истата е возможна само ако се овозможат услови лицата со инвалидитет непречено да излезат од своите домови и непречено да можат сами преку користење на социјалните услуги да си ги извршуваат своите обврски. 
 
И покрај одредениот напредок, рече Гошева Кангов, сеуште сме невидлив дел од општеството, сеуште секојдневно гледаме се отвараат нови објекти од приватниот сектор кои се непристапни за нас, сеуште нема поставено пристапна рампа до одредени институциии од јавен карактер во градот кои што се непристапни за нас, сеуште автомобили се паркираат на јавно обележаните места за паркирање на возила коишто се користат од лица со инвалидитет, сеуште рабниците од тротоарите се високи и ние неможеме да ги користиме тротоарите за движење, сеуште немаме соработка со приватниот сектор и со поголемите компании кои би можеле да ни помогнат како општествено одговорни компании кои ќе вработат лица со инвалидитет или ќе обезбедат ортопедско помагало за оние кои не се во можност да купат, сеуште немаме прилагодено возило со кое лицата со количка кои живеат надвор од градот па и во градот би можеле да бидат транспортирани од точка А до точка Б и самостојно да си ги завршат своите обврски. Таа изрази надеж дека наредниот ден на лицата со телесен инвалидитет ќе биде пречекан со решени голем дел од овие проблеми.
 
Свои обраќања имаа и двете пратенички во Собранието на Република Македонија кои ги информираа членовите на здружението за промените во законските решенија кои се однесуваат на нив, и уште еднаш ја покажаа нивната безрезервна подршкадо нив.
 
Градоначалникот Сарамандов во своето обраќање покажа разбирање за нашите потреби и проблеми и посочи конкретни решенија за нашите барања. Свое обраќање имаше и секретарот на Црвениот Крст кој го образложи напредокот во пружање на социјалните услуги во Гевгелија кои се и повеќе од потребни и важни за инклузија на лицата со инвалидитет . 
 
Во дискусијата по нивните излагања се образложи и потребата од адаптирано возило – комбе за сите лица со попреченост од регионот на Општина Гевгелија, кое што е неопходно за лицата кои живеат во околината на градот а користат количка како помагало.
 
На крајот беа врачени Благодарници на гостите за досегашната соработка, но и на членовите на здружението кои годинава се закитија со медали, овоија награди и успешно го претставуваа здружението и Општина Гевгелија на сите натпревари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *