БУНКЕРИТЕ ЗАОСТАНАТИ ОД ВОЈНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија е место, каде поради нејзината местоположба, годините и вековите оставале своја трага во вид на голем број на објекти и споменици, како од античко, така и од модерното време.
 
Едни од таквите споменици се и бункерите, кои сеуште постојат и може да се видат во градот и во неговата околина. Тие останале како нем сведок на воените дејствија кои се случувале на оваа територија, од времето на Балканските и Првата светска војна.
 
На 12 декември 1915 година, градот Гевгелија беше заземен од бугарската војска. Со паѓањето на овој крај, не беа завршени и воените операции. Напротив, тие започнале токму тогаш, за да потраат цели три години, до 1918 година.
 
Бугарските, австро-унгарските и германските воени сили за време на Првата светска војна биле утврдени на линијата Гевгелија-Дојран. По должината на фронтовската линија биле изградени многубројни бункери исклучиво од тежок бетон, свртени со предната страна кон југ. 
 
Само од мостот на околу 200 метри јужно од железничката станица во Гевгелија, па се до касарните, во должина од околу 1 километар, биле изградени околу 20 такви бункери.. И, од споменатиот мост, кон Вардар се изградени цела низа разновидни бункери, а дел од нив и денес постојат.
 
Овие, некогаш воени објекти, може, во денешно време, со мали поправки и смислено, внатрешно уредување, да влезат во туристичката понуда на градот, како едно ехо од минатото, потсетувањето на стравотиите на војните, но и поради тоа што тие биле постојан мотив во ликовните дела на доајенот на гевгелиското сликарство, Зафир Хаџимитров.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *