АРТ РОК КОНЦЕРТ НА „SCHLITZ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На 19-ти декември 2022 година во 19 часот, во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи Арт Рок Концерт „Schlitz“, на кој ќе бидат изведени авторските композиции на македонскиот диригент, композитор, аранжер и музичар (хорнист, клавијатурист), Емин Џијан, превземени од музичко-визуелниот перформанс „Диши љубов“ на Џијан и текстописецот Тина Иванова, како и композиции создадени за проектот ” Улица” по текст на Славко Јаневски.
Тој ќе настапи со групата „SCHLITZ“, во која членуваат Џијан Емин – гитара и вокал , Драган Гиновски – гитара, Дарко Мучев – бас, Гоце Стевковски – тапани и Ади Имери- гитара.
 
„Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Инспирацијата да се реализира овој концерт првично произлезе од проблемот со кој годиниве наназад се соочува Македонија – загадениот воздух и се што тоа повлекува со себе, особено свеста за екологијата и за човечкото здравје. Од друга страна, проектот се доживува и како чисто љубовен, бидејќи самата тематика се базира на онаа првична, наивна љубов, на взаемна страст помеѓу двајца партнери.
 
Автор на текстовите на сонговите, како и на расказот е музикологот Тина Иванова, чија инспирација за нивно создавање се токму споменатите тематики кои му даваат на целиот проект една сосема нова и поинаква димензија.
Џијан Емин ја започнал музичката кариера како член на рок-групата „Архангел“. Подоцна, станал прв хорнист на Македонската филхармонија и нејзин диригент, а истовремено, тој работи и како оркестратор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *