АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ГИ РАЗИГРА СРЦАТА НА ПУБЛИКАТА НА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР

WEB Телевизија во живо

И оваа година не изостана традиционалниот Новогодишен концерт, со кој, уште еднаш, ансамблот „Бојмија докажа дека е еден од најдобрите ансамбли за традиционална музика и игра во Македонија.
 
На љубителите на народниот мелос кои беа присутни во преполнетата сала на Народниот театар, играорците на овој ансамбл им приредија една незаборавна вечер.
 
Со изведба на народни песни и ора и со својот оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор, ги разиграа нивните срца кои за цело време пулсираа во ритамот на музиката, а рацете ракоплескаа на секоја изведба.
Репертоарот во Ансамблот „Бојмија“ е разновиден тој негува игри и песни од сите краеви на Македонија. Игрите и песните се изведуваат си автентични носии од регионот од кој потекнува играта.
Поддржувач на сите концертни активности на ансамблот Бојмија” е Министетството за култура на Република Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *