80 ГОДИНИ ОД ЅВЕРСКОТО УБИСТВО НА НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА – ДУЊА, ПРВАТА И НАЈМЛАДА ЖЕНА ПАРТИЗАНКА

WEB Телевизија во живо

На денешен ден, 16 декември 1942 година, во велешкото село Нежилово во судир со бугарската полиција и велешката контрачета загинала Невена Георгиева Дуња, првата и најмлада жена партизанка. Откако тешко ја раниле, го масакрирале нејзиното мртво тело, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот македонски народ. Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“
 
Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.
Многу мала остана без мајка и со тоа од најраните години ги осознала сите тешкотии на животот. Напоредно со учењето се занимавала и со шиење. Уште 1941 година била примена во СКОЈ. 
 
Растурањето на летоците го изведувала со нивно криење меѓу шиените фустани, па така не можела да биде откриена од окупаторската полиција. Одела од куќа до куќа и пренесувала разновиден материјал и пораки. Важела за бистра, пргава и една од навиталните скоевки во извршувањето на курирските задачи. Поради својата голема активност непријателот ја забележал.
 
Затоа поминала во илегалство. Георгиева станува борец на Скопскиот партизански одред при неговото создавање на 22 август 1941 година. По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а потоа во Струмица. Помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред од летото во 1942 година. Во меѓувреме, во мај 1942, во отсуство, била осудена на 7 години строг затвор.
 
Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
Зимата 1942 година одредот бил нападнат кај селото Папрадиште. Се развила жестока нерамноправна битка во која непријателот бил далеку поброен. Неколку партизани на чело со Дуња ја бранеле нивната позиција. Нејзината смела борба ги бодрела и нејзините соборци да издржат до крај. 
 
Меѓутоа, по неколкучасовна огорчена борба, херојски загинала од фашистички рафал. Така на седумнаесетгодишна возраст згасна животот на оваа смела партизанка, која останала како светол пример на идните генерации.
Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *