114 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН – КНИЖЕВНИК И БОРЕЦ ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

WEB Телевизија во живо

На денешен ден 1908 година во Велес е роден Koста Апостолов Солев Рацин македонски книжевник и социјалистички борец.
Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939 година) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. 
 
Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Сите песни во збирката се социјални, а мотивите се: аргатски, печалбарски, за пропаднатите занаети, елегични и револуционерни. Насловот на стихозбирката е симболичен — пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе.
 
Во пролетта 1943 година Рацин заминува во партизани, во одредот „Кораб“. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат“ и подготвува две збирки на македонски народни песни. Но, не го дочекува ослободувањето. Набрзо, вечерта на 13 јуни 1943, додека се враќал кон партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, Рацин бил смртоносно застрелан од стражарот што го чуваше пристапот кон печатницата.
 
Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *