ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА Е ЗАГРИЖУВАЧКА СИТУАЦИЈАТА СО РАКОТ НА ДОЈКАТА И МАТКАТА КАЈ ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Ракот на дојката и матката, како заболувања, ги завземаат високото второ и трето место по застапеност помеѓу женската популација во Општина Гевгелија. Ова беше истакнато на Јавната трибина на Форумот на жени на СДСМ Гевгелија, посветена на темата “Подигање на свеста за превенција од рак на дојка и матка”.
 
На оваа едукативната трибина, за овој проблем свои излагања имаа докторите специјалисти: од областа на гинекологиијата, д-р Димитар Гетов, од областа на радиологијата, д-р Нако Поп-Ристов, како и дипломираната медицинска сестра Билјана Демерџиева.
 
Ракот на дојката и ракот на грлото на матката на државно ниво се трета и четврта болест по застапеност, која најчесто се јавува кај женската популација од населението, а Гевгелија е понапред за едно место со своите детектирани и скрининг резултати кај женската популација на општинско ниво. Тоа значи дека овие, во 20% од случаите и животнозагрозувачки болести, се драстично присутни во Гевгелија
 
Доктор Гетов се задржа на темата рак на грло на матка и едукацијата како да се детектира, превенира појавата на инвазивен рак на грлото на матката од која пациентките поминуваат тешки периоди на хирушки зафати, хемотерапии и лекување, а некои завршуваат и трагично. Затоа посвети повеќе внимание на причинителите на ракот на грлото на матка, каде најразорен хактор е заразата со вирусот ХПВ. Зато тој обрна внимание на потребата од вакцинација против ХПВ вирусот која од 2008 година е задолжителна и кај нас, за девојчиња со навршени 12 години.
 
Д-р Поп Ристов ги нагласи методите на детекција на ракот на дојка. Предност даде на магнетната резонанца како најточна и не штетна метода на дијагностицирање, без никакво зрачење на телото и може покрај претпоставениот или очекуван резултат на малигна појава да детектира со точност и втор карцином ако има освен првоутврдениот. Тука се и ЕХО (утразвучната метода) која често се користи кај нас, нема зрачење и постапката е брза и се воспоставува едноставна дијагноза.
 
За ракот на дојката, симптомите, раната детекција со самопрегледи на месечно ниво, особено од 20-та година на животот па натаму пред присутните на трибината зборуваше Билјана Демерџиева, дипл. медицинска сестра во Општа Болница Гевгелија
Раната детекција е клучен фактор, рече таа, во борбата против превенција на рак на дојка и рак на матка па од трибината беше посочена потребата од редовни гинеколошки прегледи и самопрегледи на дојка кај жените.
 
Освен едукацијата и поттикнувањето на навремени прегледи за детекција на рани симптоми на пред состојба на рак на дојка или матка, на трибината беше споменато дека Министерството за здравство од 1 ноемви започна бесплатен скрининг на рак на дојка кај жените во осум здравствени установи во државата со користење на бесплатен мамограф. 
 
Меѓу осумте здравствени установи кои ќе ги изведуват бесплатно овие мамографски снимања е и Општа Болница Гевгелија, Одделението за радиологија. Акцијата трае цел месец ноември, а прегледите ќе бидат закажувани преку „Мој термин“.. Скринингот ќе се изведува два дена во неделата среда и петок од 12 до 16 часот во Рентген одделението при Општа болница Гевгелија. Овде мамографските снимања ќе ги изведуваат постојните двајца рентген-техничари, по 21 пациентки дневно, или 42 мамографии неделно.
 
Темата побуди интерес кај присутните на трибината, беа поставувани прашања, а во јавен повик да кренат рака кои од присутните направиле преглед на дојка, или преглед кај гинеколог, искрено кренаа рака помалку од половината присутни во салата на Народниот театар во Гевгелија. Предавањето и бројките на заболените од овие видови карцином во Македонија и во Гевгелија со присуството на ризик факторите се повеќе од аларм за закажување на редовен преглед и искористување на можноста за бесплатен мамограф во текот на месец ноември.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *