ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ДВОДНЕВНА ОБУКА ЗА ПРОЕКТОТ „РЕЛОАД 2“ СО СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

WEB Телевизија во живо

Во рамките на проектот РЕЛОАД 2 кој општина Гевгелија го спроведува во соработка со УНДП, во тек е Јавниот повик за сите заинтересираните граѓански организации и здруженија кој ќе трае од 17.11.2022 (од 9:00 часот) до 15.12.2022 (до 15:00 часот).
 
За таа цел, Општина Гевгелија организира Информативната сесија (отворени денови) со дводневна обука за повикот со заинтересираните претставници на граѓански организации и здруженија, кои ќе се одржат во просториите на Големата сала на општина Гевгелија во деновите 21.11.2022 (со почеток во 11:00ч) и 22.11.2022 (со почеток во 9:00ч) во просториите на Големата сала на Општина Гевгелија.
 
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.
 
Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид. Општина Гевгелија и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Гевгелија и со кои се опфатени следните приоритетни области:
 
1. КУЛТУРА И ТУРИЗАМ
1.1 Проекти и активности за промоција и развој на туристичките потенцијали на општина Гевгелија и создавање на услови за развој на алтернативниот туризам 1.2 Проекти и активности за одржливо зачувување, популаризација и промоција на материјално и нематеријално културно наследство и негување на традицијата и културното наследство на општина Гевгелија
 
2. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
2.1. Проекти за заштита на животната средина и едукација на населението за значењето на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија 2.2. Проекти со иновативен пристап на активности за заштита на животната средина и подигање на еко свест за зачувување на биодиверзитетот во локалната заедница Проектот е финансиран од Европската Унија
 
3. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
3.1. Поттикнување на проекти и активности за едукација на лица со цел унапредување и промоција на земјоделското и органското производство.
 
4. СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА
4.1. Реализација на активности и програми со цел подобрување на квалитетот и начинот на живот на лицата од ранливи категории и лица со попреченост во секојдневниот живот 4.2. Проекти за подобрување на човековите права, спречување на секаков вид насилство, поддршка за подобрување на менталното здравје кај жртвите на насилство. 4.3. Подобрување на квалитетот на живот на лицата од трето доба, и поддршка на иницијативите за волонтерство и помош на овие лица.
 
5. СПОРТ И МЛАДИ
5.1 Поттикнување на здрав живот и здрави навики кај граѓаните преку спортски активности и развивање на спортскиот дух во општина Гевгелија, со посебен акцент на младите 5.2 Развивање и поддршка на младите, младинската партиципација во креирањето политики во општината и поттикнување на младинскиот волонтеризам.
 
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД. На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2 (до декември 2024). 
 
Општина Гевгелија и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од март 2023 до крајот на август 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *