ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ ПРИЈАВЕНИ СЕ ПЕТ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ОД КОИ ЕДЕН ВО ГЕВГЕЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

Според Билтенот за движењето на акутните заразни заболувања во Република Македонија во месец октомври , 2022 година на Институтот за јавно здравје, пријавени се 5 случаи на ХИВ/СИДА. Пријавените лица се од машки пол и се од Битола, Гевгелија, Струмица, Тетово и едно лице е странски државјанин.
 
Лицата се на возраст од 20-44 години. Три лица се бисексуалци, едно лице припаѓа на групата МСМ и едно лице е хетеросексуалец. Во текот на месец октомври е регистриран и еден смртен случај од ХИВ/СИДА. Лицето е пријавено како заболено во август 2022 година.
 
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.10.2022), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2022, изнесува 574, и тоа, 123 лица починале, а 451 лице живее со ХИВ/СИДА.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *