ВО 1878 ГОДИНА ВО СЕЛО ПАПРАДИШТЕ, ВЕЛЕШКО, РОДЕН Е ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ

WEB Телевизија во живо

На денешен ден, 1878 година, роден еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог, Димитрија Димов Чуповски.
 
За време на својот живот се сретнува како поет, публицист, редактор, книгоиздавач, картограф, историчар, лексикограф и културен деец кој ги основал и бил претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), потоа на Словеномакедонското национално просветно друштво „Св. Кирил и Методиј (1912–1913), член и основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924). Исто така, бил потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации. 

За подобро запознавање до македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна држава, во март 1913 година ја објавува првата карта на македоноски јазик во боја „Карта Македониіа“ и заедно со Меморандумот на Македонците од 1 март 1913 година ги праќа до Лондонската конфереција и до рускиот печат. Три месеци потоа, на 7 јуни 1913 година потпишан е „Меморандум на Македонците“ кој е испратен до владите и јавноста на балканските држави, а веќе на 9 јуни 1913 година се појавува и првиот број на списанието „Македонскiй голосъ“ („Македонски глас“).
 
Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и конституирање во национална држава на македонскиот народ.
Бил прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умрел во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *